Friday, February 14, 2025
5.8 C
Skopje

ДЗР: ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ГАСИ ПОЖАРИ САМО СО ЕДЕН АКТИВЕН ПИЛОТ

Само еден активен пилот, наместо предвидените седум има Дирекцијата за заштита и спасување, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија. Двајца пилоти во пензија биле ангажирани хонорарно за време на пожарите, а Агенцијата за цивилно воздухопловство по вонредната инспекција ја ограничила дирекцијата во извршувањето на летечки операции.

-Поради недостиг на пилоти воздухопловите на ДЗС нема да можат да се користат, што ќе има влијание врз целокупниот процес на заштита од пожари. Имајќи предвид дека во првата половина на месец јули 2024 година на територијата на Републиката активни се повеќе од 10 пожари на отворено, од страна на ДЗС со пензионираните пилоти, склучени се договори за дело за период од три месеци, се вели во извештајот на дзр.

Дирекцијата секоја година склучува договор за осигурување на воздухоплови, а ангажирала и надворешен експерт за посредување на кого за две години му исплатила 208 илјади евра. Според ревизијата, не се докажало дека е потребно такво нешто, а експертот земал една четвртина од парите за осигурувањето.

Дирекцијата иако во 2023 година набавила 40 изолациски дишни апарати и 20 рачни термални камери за пожарникарите, тие фаќаат прашина во магацин, наместо да им се дадат на противпожарните едници.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

РАКУНИ СЕ СЕКСААТ НА КРОВ ОД КОЛА

Луди работи се случуваат на платформата ,,Х". Објавено е...

БЕРБОК: УКРАИНА И ЕВРОПА МОРА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА

Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ