ДЕ БРЕ ЧОВЕЧЕ: ОВОЈ ПА НАЈВЕРОЈАТНО И КОГА ИМА СЕКС СО ЖЕНА МУ ГО СПОМЕНУВА ВИЦЕ ЗАЕВ, ОПСЕДНАТ Е СО БРАТОТ НА ПРЕМИЕРОТ!

0
791
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на партиска дебата, рекол дека државата има неспособно водство кое не знае да се справи со оваа криза, објави порталот 360 степени.

Само со прогласување на вонредна состојба сите надлежностите  ги презема владата на СДСМ, така што Зоран Заев и СДСМ ќе ја имаат целосна слобода во носење уредби со законска сила. Вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на партиска панел-дискусија ги образложил причините зошто не било прифатено барањето на опозицијата за воведување кризна состојба. Според извештајот од дискусијата, што го испрати ВМРО-ДПМНЕ, Николоски рекол дека владата на СДСМ сега може да носи какви било закони кои што не успеа да ги изгласа пред распуштање на Собранието.

„Наместо да мислат на здравјето на граѓаните, тие размислуваат како може владата да ги изгласа тие закони што не успеа да ги изгласа пред распуштање на Собранието. Причината зошто се одбиваше барањето на ВМРО-ДПМНЕ за воведување на кризна состојба е само една. Согласно со Уставот, кога се воведува вонредна состојба сите надлежности ги презема владата, а тоа значи дека владата може сама да носи закони без да го има тука Собранието како некој филтер. Тоа значи дека може утре Зоран Заев, преку своите министри во владата, да си предложи каков сака закон и поручек тој да биде усвоен. И очекувам во следниот период да има закони во корист на брат му Вице Заев. Тоа е причината зошто се воведува вонредна состојба“, рекол Николоски.

Како што е пренесено, Николоски, кој требаше да му биде главен противкандидат на Заев на изборите во четвртата ИЕ, рекол дека државата има неспособно водство кое не знае да се справи со оваа криза.