Дејвид Гета ги повикува навивачите: Бидете дел од химната за ЕП во фудбал 2016-та

0
466

Еден од најпопуларните диџеи во светот, Французинот Дејвид Гета доби можност да ја компонира химната на Европското првенство во фудбал 2016 година, а тој ги повика сите навивачи да се приклучат со своето навивање.

– Еуро 2016 се однесува на навивачите и јас сакам да ги вклучам во центарот на настаните, а особено во музиката, порача Гета, додавајќи дека планира да осмисли нешто посебно. Тој ги повика сите навивачи од целиот свет да го „прослават фестивалот на фудбалот“ така што ќе бидат дел од официјалната песна на натпреварот.

Како што наведе, негова желба е во песната да учествуваат милион гласови.

– Возбуден сум што работам со УЕФА на овој проект во мојата татковина, додаде тој.

Навивачите можат да се вклучат на веб страницата  thisonesforyou.com  и да ги следат потребните чекори за да го снимат својот дел од песната. Гета, потоа сите снимки ќе ги преслуша и измиксува во химна која ќе носи наслов „This One’s For You“ и ќе биде објавена оваа пролет.

Сите фанови чии снимки ќе бидат дел од химанта ќе добијат персонализиран подарок и можност да освојат влезница за првиот натпревар на Еуро Стад де Франс, како и можност да се сретнат со познатиот диџеј.

И не само тоа, навивачот кој ќе биде извлечен ќе биде ВИП гостин на бесплатниот концерт на Гета првата вечер на натпреварот на Чемп де Марс, под Ајфеловата кула.

Директорот на маркетинг на УЕФА, Гај Лорен Епстеин изјави: „Се надеваме дека Дејвид Гета како еден од најпопуларните продуценти на планетата ќе ги инспирира навивачите од сите краеви во светот да станат дел од официјалната песна. Музика и фудбал одат рака под рака кога станува збор за прослава и уживање, така што сакаме химната на Еуро 2016 година да стане најпозната досега. Сакаме навивачите да бидат во нејзниот центар со прекрасна енергија, дух и атмосфера.