Wednesday, February 12, 2025
-4.2 C
Skopje

ДЕЈАН ЧИПЛАКОВСКИ ПО ТРЕТПАТ ГО ФАЌА ЧЕСНИОТ КРСТ ВО БЕРОВО

Дејан Чиплаковски од Берово е среќниот фаќач на чесниот крст од водите на река Брегалница во Берово по повод празникот Богојавление Водици. Чиплаковски повеќепати учествува на оваа традиција, а досега трипати го има извадено крстот од реката Брегалница во Берово.

-По трет пат го фаќам крстот. Бог се јави и за многу години празникот Водици. Здравје среќа на сите, истакна Чиплаковски. Честитки до среќниот фаќач на крстот упати и градоначалникот на општината Звонко Пекевски кој на Чиплаковски и неговото семејство им посака да ги следи добро здравје и среќа во текот на годината.

Општина Берово среќниот фаќач на крстот го награди со вредносен ваучер од 10.000 денари, Зегин обезбеди 15.000 денари, а Чиплаковски доби подарок телевизор од фирмата Мис Стон. Претходно по повод Богојавление Водици се одржа црковна литургија.

ОВАА НЕДЕЛА

МАКЕДОНСКАТА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА БЕЛЕЖИ ПАД ОД 12 МЕСТА

Македонија се најде на 88-то место од 180 држави,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ