Дејан Гацов до ракометните легенди: Престанете да си го рушите угледот кој толку долго и макотрпно го создававте!!!

0
746

До ракометните легенди:

Никој нема фрлено камен по Триумфалната порта, туку само боја и графити.

Инаку ако се сеќавате востанието во Македонија против нацистите е почнато во Прилеп на 11 октомври во 1941 година. Со напад на Бугарскиот участок, што ја симболизирал окупацијата.

Е замисли тогаш да се јавеше некоја македонска икона како што сте вие денес и да кажеше – протестирајте, ама не напаѓајте објекти, а истата легенда да не кажала ништо против окупацијата претходно…

Борко и Мојсо, ова ви е несреќна изјава, и што е најстрашно личи на организирано од некој центар бидејќи повеќе од еден ракометарски репрезентативци го пишавте истото во исто време.

И повикувате да не се пишува за политика, а поголема политика од вашите изјави нема.

Ние сме во најголема жижа на борбата против режимот и не ни треба одмагање. Со ваков пост во моментов вие сте исти како Диви кој даде глупава прес конференција на 2 дена пред Гдањск и само одмогна…

И разберете – Триумфалната порта е само триумф на лудоста на еден забеган човек врз својот народ, кој што тој насилно го окупираше и ништо повеќе… Престанете да си го рушите угледот кој толку долго и макотрпно го создававте!!!

Фејсбук статус на Дејан Гацов