Фото : Илустрација
Нов случај на насилство, или поточно закана за насилство, забележа полицијата во основно училиште во Скопје. Според МВР, малолетник кој носел нож, му се заканувал на друго дете во училиште на подрачјето на општината Шуто Оризари.
„На 17.10.2024 околу 14:25 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари, малолетник со остар предмет упатувал закани кон друг малолетник“, велат од полицијата.
Од МВР додаваат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.