ДЕТЕВО Е ЦАР : МАЛИОТ ВАЊА ЃОРЃИОСКИ ОД ПРИЛЕП ВО РИМ, ИТАЛИЈА ОСВОИ ПРВО МЕСТО НА СВЕТСКОТО ФИНАЛЕ НА НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ,,ХИПО”

0
1395

Нашиот ученик Вања Ѓорѓиоски учествуваше на светското финале на натпреварот по англиски јазик Хипо, кое се одржа од 28-30 септември во Рим, Италија.

Се натпреваруваше со ученици од целиот свет:Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Латвија, Тунис, Малезија, Египет, Филипини, Виетнам и многу други.

Од 28 финалисти во категоријата Хипо 1, го освои ПРВОТО место и доби златен медал, светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик и школарина. Неговата менторка, наставничката Фросина Ацевска доби бесплатен TEFL курс.