ДЕТАЛИ ЗА ТЕШКАТА СООБРАЌАЈКА КАЈ БИТОЛА : 42-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ ЗАГИНА, 19 ЛИЦА СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ

0
452

Битолчанецот К.К. (42) го загуби животот, а 19 лица се со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на регионалниот патен правец Битола – Демир Хисар. Не автобус, туку комбе било учесник во сообраќајката, кое се судрило со автомобил, по што починал совозачот од автомобилот.

Од СВР Битола потврдија дека во сообраќајката која се случила во 14:57 часот учествувале патничко возило „пежо“ и комбе, и двете со битолски регистарски ознаки.

-Сообраќајна несреќа се случи меѓу комбе управувано од А.С. (25 г.) од селото Вирово, демирхисарско, кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика, и патничко возило „пежо“ управувано од К.Ј. (36 г.) од Битола. На лице место починал совозачот на патничкото возило К.К. (42 г.) од Битола, потврдија од СВР Битола.

Во изјава за МИА, Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола посочи дека веднаш по сообраќајката, во одделението за ортопедија примени се 13 лица и на сите им е укажана лекарска помош и не се хоспитализирани. Во одделението за неврохирургија прегледани се 4 лица и кај нив е изврешено компјутерско снимање, додека лекарите во одделението за хирургија, кои прегледаа 3 лица повредени во сообраќајката. Сите лица се надвор од животна опасност, изјави за Ивановска.

Во тек е истрага за причините за тешката сообраќајна несреќа.

Извор : ТВ21