ДЕТАЛИ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО ВО КРАТОВО : СПОРЕД ОБВИНИТЕЛСТВОТО МАЖОТ ЈА ДАВЕЛ СОПРУГАТА ПО ШТО ТАА ПОСЕГНАЛА ПО НОЖОТ И ГО УБИЛА МАЖОТ И СВЕКОРОТ

0
64

Според Обвинителството, по претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници по главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Куманово отвори истрага против 36-годишна жителка на Кратово за двојното убиство, за кое вчера полицијата соопшти дека жена си го убила сопругот, а потоа и свекорот.

Во деталите за инцидентот што денеска ги соопшти Обвинителството, се вели дека на убиствата им претходело насилство.

Според Обвинителството, по претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници по главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави.

Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко.

„Од повредите тие починале на лице место. По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка ѝ определи 30-дневен притвор на осомничената“, соопшти Обвинителството.