На внатрепартиските избори ни се случи тоа што ни се случи пред 2 ипол месеци. Едноставно на луѓето им дојде преку глава од сите нас, и од начинот на кој ги практикувавме политиките и од луѓето. Истите тие луѓе во рамки на тие што ни го свртеле грбот се и структурите коишто не поддржуваат.
Тоа значи и луѓето коишто не поддржувале, вклучително и од нашите членови кои имале право на глас во даден момент рекле доволно е од вас. И затоа ги снема тие 40.000 гласачи од внатрепартиските избори СДСМ и останаа 9.000.
Екс директорот на фондот за иновации, Јован Деспотовски во подкастот ,,Кавга со Мирчевски”.