Friday, April 25, 2025
11.8 C
Skopje

ДЕСПОТОВСКИ : ГАСНАТА ЦЕНТРАЛА ЌЕ ДОНЕСЕ ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, А ПАРНОТО ЌЕ ПОЕФТИНИ И ДО 40 ОТСТО

Со доделување на статусот на стратешки инвеститор на грчки Митилинеос, нема да им се наштети на интересите на државата, туку напротив, како што вели, граѓаните ќе добијат пониски сметки за струја, како и за парно, и тоа за дури 40 проценти, а скопјани конечно ќе почнат да дишат почист воздух, вели Јован Деспотовски, првиот човек на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони во интервју за „Фактор“.

-Договорот со „Митилинеос“ не се подготви преку ноќ. Се работи за сеопфатен процес кој почна пред повеќе од три година со јавен повик отворен подеднакво и за домашни и за странски субјекти.Во процесот на разговори којшто траеше повеќе од две години, беа вклучени повеќе од десетина државни институции. И сите имаа можност и дадоа свој придонес во креирање на Законот договорот за стратешки инвестиции. Дополнително овие проекти се разгледувале и на Енергетскиот совет на Владата со кој претседава премиерот. Зборуваме за најмалку стотина луѓе кои во различни фази од процесот ги имаат анализирано и дадено свое мислење за овие документи. Знаејќи го тоа никако не може да стане збор за проекти, односно инвестиции кои се договарале во четири очи. Дополнително, суштината на Законот за стратешки инвестиции предвидува и расправа во Собранието што само говори дека за вакви проекти целта на Владата била да се обезбеди и придонес од пошироката јавност и сите политички структури застапени во Собранието. Впрочем целта на проектите за обезбедување на долгорочна енергетска независност за граѓаните и државата го оправдува ваквиот широк пристап.

Во однос на вашето прашање ќе кажам дека лично многу ги почитувам и имам одлична соработка и со министерот за економија Бектеши и со вицепремиерот Битиќи. И сакам да верувам дека нема лоша намера од било која страна. И како Влада и како политички партии покажавме дека не бегаме од отворена дискусија, иако не секогаш отворањето на прашања во јавноста наместо во Владата и институциите остава позитивен впечаток кај истата таа јавност. На крајот очекувам дека токму значењето на овој проект за сите сегашни и идни генерации граѓани ќе преовладa кај сите страни, вели Деспотовски.

ОВАА НЕДЕЛА

СЕ УШТЕ СЕ ЧЕКА ДА СЕ РАСКИНАТ КОНЦЕСИИТЕ ЗА МАЛИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО МАВРОВО И ШАР ПЛАНИНА

Министерството за животна средина и просторно планирање во моментов...

ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА NETFLIX: ГО СПАСУВАМЕ ХОЛИВУД, КИНАТА СЕ МИНАТО

Тед Сарандос тврди дека стриминг сервисите не ја уништуваат...

МУЦУНСКИ: БУГАРИЈА СЕ УШТЕ НЕ ОДГОВОРИЛА НА БАРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕДБА

угарија се уште не одговорила на барањето на Македонија...

ЗАХАРОВА: УКРАИНСКИТЕ СЛУЖБИ СЕ ВМЕШАНИ СО УБИСТВОТО НА РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ МОСКАЛИК

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ