ДЕСКОСКА : ЈАВНОСТА ВО ЗЕМЈАВА СО ПРАВО ОСТРО РЕАГИРА, БУГАРСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ВО БИТОЛА НЕЗАКОНСКИ ГО ИСКОРИСТИЛО ИМЕТО ИВАН МИХАЈЛОВ ОТКАКО ВО 2019-ТА ГОДИНА ПО НЕГОВО РЕГИСТРИРАЊЕ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА НЕ ИМ ОДОБРИЛО ДА ГО РЕГИСТРИРААТ ПОД ТОА ИМЕ, НАДЛЕЖЕН ЗА ТОА Е ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

0
977
Овие неколку денови слушаме остри реакции околу името на културниот центар Иван Михајлов. Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар.

Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.

Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш НЕ ДАЛО одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов.
Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган!

Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име.

Фејсбук статус на професорката Рената Десковска.