Дескоска за Канал 77: ВМРО ДПМНЕ дава предлози за да создава дупки во законите, тука им е скриената амнестија

0
543
Клучната разлика е во надлежностите на Организиран криминал и Обвинителството за висока корупција во предлогот којшто произлезе од  Владата и предлогот којшто произлезе од ВМРО – ДПМНЕ токму тука лежи зајакот. -истакна Рената Дескоска, член на ИО на СДСМ и министерка за правда,  во интервју за емисијата Стадион на Канал 77, на прашањето за вистинската суштина на предлогот на ВМРО – ДПМНЕ.
Кај нив недостасуваат изборни нерегуларности како надлежност на Организиран криминал, тоа е точно и ние на тоа реагиравме. Тоа е многу битен криминал којшто не може да го оставите на другите обвинителства туку треба екипирано обвинителство со сите капацитети, со одреден тип на самостојност да може да одлучува и да гони вакви дела. –посочи Дескоска.
Понатаму, злоупотреба на ИПА фондови беше извадено од нивниот предлог како надлежност на Организиран криминал и одредени други дела коишто ние сметаме дека се тешки и значајни дела и треба да бидат гонети или од Обвинителство за организиран криминал или Висока корупција. – додаде Дескоска.
Таа потенцираше дека треба да се тргне од идејата не на кој што му одговара, бидјеќи на прво место е одговорноста спрема граѓаните и државата, односно дека  секој функционер, секој граѓанин да биде свесен што е недозволено однесув