Изгоре домот на четиричлено семејство од Волково. Овде каде што се наоѓаме на лице место се наоѓаше нивниот дом. Имајќи ја во предвид силината на огнената стихија немало кога да се реагира за навреме да се изгасне истиот и ова семејство да остане со домот кој што се наоѓал тука.
Се се случило додека спиеле доцна по полноќ. Нивната ќерка за среќа учела за испит,така го забележала пламенот па веднаш ги разбудила своите родители.
,,Сопругот веднаш истрча што се вели само по пижами, излеговме да спасиме жива глава. Веднаш истрча да гаси, што може да се спаси, ама кога виде дека се шири пожарот многу брзо.. и комшиите исто истрчаа, и тие и од другата страна пријавиле во пожарна. За пет минути веќе се беше доле паднато од кровот. Во пламен и јазици беше се. Потоа дојдоа пожарникарите за петнаесет минути да го изгаснат огнот. Два часа се мачеа се да го изгаснат огнот.’’ – вели Лидија Коцевска.
Од МВР велат се работи на утврдување на причините на пожарот. Семејството Коцевски велат пожарот избил од инсталацијата во една од собите иако била релативно нова. Отпадот и шутот од самиот пожар кој настанал бил отстранет со помош на фирма.
,, Од општината имавме минимална помош. Со еден контејнер, го оставија овде без луѓе без ништо и си заминаа. Контејнерот ние го наполнивме, а тие дојдоа, го земаа полн и си заминаа. Остатокот од шутот и од куќата дојде фирма од Арачиново со багери и камиони и во рок од пет часа се однесоа. Без никаков проблем.’’ – вели Стојан Коцевски.
Повеќе од 10 дена семејството Коцевски е без покрив. Се снаоѓаат како знаат и умеат.Голема помош добиле од Отец Оливер од црквата Св. Спас во Драчево, колеги од работа, но првичната помош ја добиле од соседите. Соседите со тага и трепет во гласот, раскажаа за ноќта на несреќата пред камерата на Телма.
Семејството Коцевски се надева на помош од сите хумани граѓани. Најмногу како што тие велат им е потребна финансиска помош.
,,Храна и облека ни понуди Отец Оливер уште вечерта, благодарни сме. Ние си имаме плата, сме си вработени, нека донираат таму каде што е повеќе потребно. Сепак благодарни сме и за тоа. Мебел, бела техника е добредојдена, само во моментов, во куќата каде што сме сместени наместено е се, немаме потреба од тоа.
Семејството очекува помош во наредниот период од институциите за повторно да живеат во соодветни услови.
Марија Коцева
Извор : Телма.ТВ