Monday, January 20, 2025
0.8 C
Skopje

ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ГИ ПОДДРЖАА СТУДЕНТИТЕ НА ГОЛЕМИОТ ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД

Десетици илјади луѓе им се придружија на студентите на денешниот протест во Белград, чија цел беше да се сврти вниманието кон нивните барања во врска со трагедијата на железничката станица во Нови Сад. Студентите, кои мирно протестираат веќе со недели, овојпат ги поддржаа средношколци, земјоделци, здравствени работници, јавни личности и други граѓани.

Според министерството за внатрешни работи, собирот на плоштадот Славија привлече околу 29.000 луѓе. По чистењето на Славија, каде што беа изведени студентски перформанси, студентите кажаа дека ќе се вратат на своите блокади. На Славија беа истакнати транспаренти „Рацете ви се крвави“ и „Сите сме под настрешница“.

Сите присутни побараа одговорност за трагедијата во Нови Сад на 1 ноември, во која животот го изгубија 15 луѓе и процесуирање на насилниците кои постојано провоцираат на мирните блокади. Тие се одржуваат на белградскиот и новосадскиот универзитет и на факултетите во Ниш и Крагуевац, каде што студентите ја спроведуваат акцијата „15 минути тишина“.

Претседателот Александар Вучиќ вчера кажа дека нема да попушти пред студентите и најави давање субвенции за купување стан или куќа за млади.

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДНАТ ЛЕКАР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Тетовец нападнал лекар од Клиничката болница Тетово, стои во...

СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ДЕЛЧЕВСКО, ЗАГИНА 37-ГОДИШНИК

Пожар утрово изби во селото Чифлик, Делчевско, а притоа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ