Wednesday, March 26, 2025
11.8 C
Skopje

ДЕРЕБАН: ЈО КОЦЕВСКИ НАМЕСТО ДА СЕ ЗАНИМАВА СО ГОНЕЊЕ НА КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА, СЕ ЗАНИМАВАШЕ СО ПОСРЕДУВАЊЕ НА СПОГОДБИ КАКО ШТО БЕШЕ СЛУЧАЈОТ СО ПОРАНЕШНИОТ ВРХОВЕН СУДИЈА И ПОРАНЕШНИОТ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ЗА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

На синоќешното гостување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, заменик министерот за правда, Ален Деребан се осврна на минатото и кажа дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има наследено држава во која не владеат Уставот и законите.

„Оваа Влада наследи држава во која не владеат Уставот и законите. Држава во која секојдневно бевме сведоци на кршење на основните човекови слободи и права. Република Македонија беше доведена до степен да се декларира како држава во која владее правна несигурност со длабоко вкоренети системски криминал и корупција, кои што го разјадуваат секое здраво ткиво од општеството’’, истакна Деребан и посочи дека крајно време е да се воведе ред и правда во Македонија.

Деребан нагласи дека актуелната одлука на Влада за разрешување на ЈО Коцевски е одличен потег и е еден од чекорите за тоа како да се бориме против криминалот и корупцијата.

„ Очекував и претходно да даде оставка, поради сите случувања во правосудниот систем, поради тоа што, како резултат на нивното работење ние имаме пад на индексот за перцепција за корупцијата во кој детално е нагласено дека една од основните, главните причини е не постапувањето и неажурноста на обвинителството во предметите со корупција и висок степен на криминал’’, потенцираше заменик министерот, кој додаде дека ова е една од главните причини за одлука да се разреши ЈО Коцевски.

Тој појасни дека работата на државниот јавен обвинител е да гони криминал и корупција, а не тој самиот да биде вклучен во истата.

„Јавниот обвинител наместо да се занимава со гонење на криминал и корупција, во претходниот период, се занимава со внатрешно пресметување со останатите обвинители и со посредување при склучување на судски спогодби, каков што беше случајот со поранешниот Врховен судија и поранешниот потпретседател на Советот за јавни обвинители’’, изјави Деребан.

Деребан се осврна и на составот на Судскиот совет за кого истакна дека веќе не е кредибилен.

„Овој состав на Судскиот совет целосно го има изгубено својот кредибилитет и не може да биде носител, ниту дел од реформите во правосудството. Овој Судски совет е причина за голем број на домашни и меѓународни негативни извештаи. Исто така е причина  за падот на индексот за перцепција на корупцијата, каде што е нотирано дека една од причините е лошата контрола на овој Судски совет врз судиите“, заклучи Деребан.

ОВАА НЕДЕЛА

ПУКАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ПРИЛЕП, СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ Е РАНЕТА ЕДНА СЛУЖБЕНИЧКА

Денес околу 14 часот вооружено лице упаднало во просториите...

ЗНМ: НЕПРИФАТЛИВА Е ХАЈКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ПРОТИВ НОВИНАРОТ АЛЕКСАНДАР МИТОВСКИ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на...

МАРКОВСКИ: ОДЗЕМАЊЕТО НА ТОЛКУ МНОГУ ЛИЦЕНЦИ Е ПОРАЗИТЕЛЕН ФАКТ

Вкупно 479 фирми за градежништво, урбанистичко планирање, проектирање и...

НИКОЛОСКИ: ЗАПОЧНУВАМЕ БОРБА ПРОТИВ АДМИНИСТРАТИВНАТА МАФИЈА

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја...

ЃОРЃИЕВСКИ: ВРЕМЕ Е ЗА ЦЕЛОСЕН СИСТЕМСКИ РЕСЕТ

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода,...

ФУДБАЛЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ГО ЗАПРЕА МЕЧОТ СО ВЕЛС ВО 59ТА МИНУТА ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ

Македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви...

ПРИВЕДЕН ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЕЈУП РУСТЕМИ И УШТЕ ТРИ ЛИЦА

Во полициска акција денеска приведени се поранешниот директор на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ