Ден Дончев: Ќе и ставиме крај на урбаната мафија!

0
1348

Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1 Ден Дончев на Коалицијата ВМРО за Македонија денес оствари средби со граѓаните на Дебар Маало, пред Клиничкиот центар Мајка Тереза и пред ГТЦ.

„Ќе и ставиме крај на урбаната мафија и на криминалот кој достигна максимум во времето на пишман аболицираниот министер Миле Јанакиевски, истакна Дончев на првата средба, во Дебар Маало. Порачуваме дека тоа време заврши. Мобилни сме сега – да ги отвориме сите  теми што се актуелни за граѓаните, а се дел и на платформата на дејствување на коалицијата ВМРО за Македонија. Мобилни ќе бидеме и по 11 декември.

Дебар Маало е една шармантна населба која станува пример на дејствување на урбаната мафија на сите нивоа на извршната власт, во спрега со своите градежни фирми. Последиците се погубни, видливи на секој чекор, ги чуствуваат сите: Пренаселеноста е повеќепати поголема од од онаа за нормално живеење.

Намален е квалитетот на живот бидејќи капацитетот на комуналната инфраструктура е несоодветен. Уличките се постојано  раскопани поради приклучоците на новите згради и уништени од камионите што носат градежен материјал.

Ако продолжи овој тренд, од Дебар Маало ќе останат само грди висококатници, бетон, многу автомобили, загаден воздух и празни кафеани заради уништената амбиентална вредност на просторот“, изјави Ден Дончев.