ДЕНОВИВЕ ВО СКОПЈЕ СЕ ОТВОРИ ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР ,,ЏЕВАХИР”, ОНА КОЕ Е БЕЛЕГ НА ОВОЈ ОБЈЕКТ Е НЕГОВАТА ФАСАТА НА КОЈА Е НАСЛИКАН НАЈГОЛЕМИОТ МУРАЛ (4100m2) ВО МАКЕДОНИЈА

0
155

Деновиве во Скопје се отвори Трговскиот центар Џевахир како дел од комплексот кој ги опфаќа и четирите облакодери, едни од највисоките кули во регионот.
Неговото отворање беше поместувано повеќе пати низ годиниве, но и по официјалното пуштање во употреба може да констатираме дека сеуште 80% од локалите се невселени.

Проектиран надолжно се развива средишно комуникацискиот коридор по хоризонтала и вертикала, отворајќи галерии над кои се развиваат стаклени кровни прозори од кои се овозможува поглед кон височините на 42 катните кули.

Она кое е белег на овој Трговски Центар е неговата фасада, на која е насликан најголемиот мурал во Македонија. Автор на дизајнот е Лара Маринковиќ.

Инспирацијата за истиот е во апстрактинот приказ на сегменти поврзани со македонската култура. Муралот опфаќа 4100 m2, за него се употребени околу 1900 литри боја додека неговата реализација е работа на 5 член тим.Приказната за создавањето на муралот погледнете ја во видеото: