- Поранешниот премиер на Република Бугарија, Николај Денков во подкаст на ,,Зборувај сега” на БНТ говореше за одложениот извештај за Република Северна Македонија со Брисел.
Денков во подкастот на БНТ изјави дека премиреот Мицкоски со неговите потези и одмага на Македонија а и помага на Бугарија да ја зацврсти својата позиција во преговорите околу ветото за уставните измени.
Според Денков, премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски направил две груби грешки – извадил цитати од извештајот пред тој официјално да биде објавен и се обидел да ја вметне приказната за историјата околу античката Македонија во билатералниот спор, тој треба да знае дека Европската Унија никогаш не се занимавала и нема да се занимава со историски спорови помеѓу државите.
Поранешниот премиер на Република Бугарија, Николај Денков за БНТ во ,,Зборувај сега”.