Комисијата за заразни болести за денеска закажа состанок кој ќе се одвива во проширен состав. Ќе биде повикан вице премиерот, како и претставници од Центрите за јавно здравје од другите градови.
За Фактор велат дека се уште не се знае што ќе предложат, но се оди на идеја во целиот процес да бидат вклучени и некои од верските луѓе, оџите, бидејќи дел од граѓаните одбиваат да се тестираат.
Инаку, според се уште неофицијалните информации, денешната бројка на новозаразени е највисока од почетокот на епидемијата во земјава и се шпекулира дека е над 100.