Денеска во 10:00 часот во судница 1 од Кривичниот суд во Скопје, треба да започне судењето поврзано со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Обвинителниот акт против Љупчо Палевски е прифатен во целост. На Палевски и другите 4-ца обвинети за двојното убиството ќе им се суди на исто рочиште во еден предмет.
Обвинителството побарало спојување на двете обвиненија бидејќи се работи за ист кривино правен настан, а судот денеска треба да ја донесе одлуката. Ова се случува бидејќи прво беше поднесено обвинение за четворицата соучесници на Палчо, меѓу кои е и таткото на девојчето Вања, Сашо Ѓорчевски.
Денеска во Кривичниот суд се очекува да дојде таткото на Вања, Сашо Ѓорчевски кој се товари дека на групата и кажал во колку часот девојчето само ќе излезе од дома за на училиште, штипјанецот Влатко Кешишов и велешаните Велибор Манев и Боре Видевски кои биле соучесници во делата. Тие беа уапсени на 4 ти декември 2023 година откако полицијата влезе во траг на обвинетите кои го грабнале и убиле велешенацеот Жежовски, му го земале возилото кое го искористиле за по неколку денови да го грабнат и девојчето, а подоцна и убијат.
Љупчо Палески не беше уапсен во земјава бидејќи преку Белград успеа да избега во Турција. Тој на 5 декември 2023 година беше уапсен во Турција, а екстрадиран во земјава на 15 мај годинава. Тој беше претседател на партијата Десна, многумина го профилираа како медиумски експониран, политички активен, прорускиот „експерт“кој се прослави со прислушуваните разговори кои ги имаше во сеф, а јавно ги пушташе и по плоштади. Тој се товари за убиство и грабнување, а судењето го дочекува во притвор заедно со останатите обвинети. Само таткото на Вања е во куќен притвор откако Врховниот суд му го укина затворскиот.
Извор : ТВ24