ДЕНЕС СТРУГА ЈА ПОТВРДИ ТЕОРИЈАТА НА ДАРВИН, ДЕКА ЧОВЕКОТ НАСТАНАЛ ОД МАЈМУН

0
579

Неколку стотици жители на Струга денеска и покрај пандемијата на КОВИД-19 учествуваа во традиционален верски собир без да носат маски и без да одржуваат растојание од 2 метри.

Станува збор за литија со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона збогатена и со неговите чесни мошти од неговиот манастир во Рајчица, како и Чудотворната икона на Пресвета Богородица – Крнинска и на Христос Архиереј од Манастирот Пречиста Кичевска.  По улиците на Струга граѓани без да држат растојание од два метри и голем дел од граѓаните без заштитни маски или марами на лицата одеа зад свештените лица, кои низ градот ги носеа светите икони. Литијата ја предводеше Митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј, кој одржа литургија и во струшкиот храм Свети Георгиј Победоносец. Литијата на струшките улици ја обезбедуваше и полиција.

Иако владата и министерството за здравство апелира да се држи дистанца од две метра на човек се поставува прашањето за тоа која е оваа црна дистанца еден до еден залепени за време литургијата?! Кој ќе сноси одговорност доколку пламне бројка на заразени од Ковид 19 каде маршираат еден куп луѓе од кои секој 10-ти носи маска а другите не?!

Значи овие живи ќе не закопаат, или сами себе ќе се закопаат, изгледа Дарвин или природаната селекција е пуштена на најјако овие денови.