Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 % во однос на одлуката од 30.01.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,487%, кај дизелот за 2,344%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 2,366% и кај мазутот зголемувањето е за 0,423%.
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 44,672 (денари/килограм) Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,141 ден/кг и сега ќе изнесува 44,672 ден/кг.