ДЕНЕС ВО САЛАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРАТЕНИЦИТЕ

0
63

Министерството за здравство вчера информира дека за денес во салата Борис Трајковски ќе се вакцинираат пратениците од Собранието, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација.

„Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи односно од 10 до 18 часот. На 14 ти месецов беа вакцинирани собраниските служби. Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење на закони во интерес на граѓаните“, соопштуваат од Министерството за здравство.