ДЕНЕС ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП НЕМА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД 19

0
96

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, петок 29 мај:

  • Во општина Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, а еден пациент оздравел од заразната болест;
  • На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 12 лица, од кои 10 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти, кои се негативни на КОВИД-19;
  • Во самоизолација се наоѓаат 65 лица, а во последните два дена на 13 граѓани им се изречени прекршочни казни за неносење заштитни маски.

Со почит,

Општина Прилеп