Денеска ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА и во Тетово!

0
2238

Денеска, по празничната пауза и Тетово продолжува да протестира како дел од Шарената револуција.

„Ние, граѓаните на Тетово, по втор пат во нашиот град, незадоволни од општата состојба во која се наоѓа нашата држава, обединето го креваме гласот против теророт овие години и режимската власт. Сплотени под паролата „Протестирам”, протестираме против одлуката за аболиција на претседателот Иванов, протестираме против укинувањето на правната држава.

Протестот ќе се одржи на 04.05.2016 (среда) во 19:00 часот пред зградата на Основниот Суд во Тетово“, стои во најавата.