Денеска треба да почне судењето за уништување на документaција од прислушувањето, првообвинет е поранешниот началник на петтата управа Горан Грујовски

0
310

Во Кривичниот суд Скопје во 11, 30 часот се очекува да почне судскиот процес за уништувањето на документација поврзана со опремата од незаконското прислушување, за што Специјалното јавно обвинителство на 15 септември, годинава поднесе обвинение против седум лица.

Првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, кого СЈО го сомничи за фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзната со двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, како што претходно информираше СЈО во случајот „Тврдина“, исто така биле уништени во текот на минатата година.