ДЕНЕСКА СТАРТУВАШЕ СУДЕЊЕТО ПРОТИВ ЛИДИЈА ДИМОВА

0
435

Во Кривичниот суд денеска почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова. Претходното рочиште беше одложено, бидејќи првообвинетата не се појави со оправдување дека имала влошена здравствена состојба.

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница. Александар Гочев за кривично дело „измама“, исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.