Судија на претходна постапка денеска треба да реши дали ќе бидат одземени пасошите на екс министерката Гордана Јанкулоска, двајца началници во УБК и еден архивар, осомничени во „Тврдина“ и дали ќе бидат повикани на распит во Кривичниот суд.
Одлучувањето доаѓа откако Специјалното јавно обвинителство предложи неколку мерки на претпазливост и еден предлог за притвор за началникот на 5-тата управа.
Во меѓувреме, Кривичниот совет треба да донесе одлука дали Горан Грујовски останува во притвор, откако неговите адвокати поднесоа жалба на 30 дневниот притвор кој му беше одреден пред два дена. Грујевски веќе е во притворското одделение во Шутка.