Денеска нова рунда преговори меѓу партиските работни групи

0
522

Претставниците на четирите партии потписници на Договорот од Пржино денеска повторно ќе седнат на преговарачката маса. Нивните вчерашни средби со Викторија Нуланд завршија со, како што рече таа, млад напредок, иако се’ нема официјални информации за евентуална нова лидерска средба.

Неофицијално, како можен датум за избори се споменува ноември, но со претходно темелна проверка во август дали се исполнети условите и сите забелешки, дознава „Мета“ од извори блиски на преговарачите.

Евроамбасадорот Аиво Орав најави дека средбата ќе продолжи во вторник, веројатно од 14 часот. Претставниците на партиите Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Имер Алиу од ДПА и Артан Груби од ДУИ, не дадоа изјави за медиумите.