Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 29 излекувани пациенти. Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти изнесува 1300

0
341

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје – 21, Битола -3 и Струмица-1.

Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на ковид-19. По градови: Скопје -17, Куманово -11, Прилеп– 5, Тетово – 3, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино -1. Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1300 , а последната дистрибуција по градови е:
        Скопје – 439
        Куманово – 353
        Дебар – 51
        Штип-34
        Прилеп –131
        Тетово – 65
        Струга – 55
        Велес – 62
        Битола –17
        Охрид –15
        Кавадарци – 5
        Гостивар –14
        Гевгелија – 4
        Струмица – 2
        Крива Паланка-5
        Радовиш – 4
        Крушево – 3
        Кочани – 28
        Пробиштип – 2
        Кичево – 3
        Неготино -3
        Демир Хисар – 1
        Македонски Брод -2
        Пехчево- 1
        Валандово -1

Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Преку ИЈЗ –437, преку Ветеринарен ф-тет -23, Авицена –20, Биотек –49, Филип Втори (Жан Митрев) –90  и Систина со PCR метода  -30.  Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 63 пациенти. Од нив 23 на кислородна поддршка и 5 на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализиран е 31 пациент. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти и 7 се приклучени на респираторна машина.  Во болницата во Битола се лекуваат 11 пациенти, а уште 11 се следат на домашно лекување. Во моментов во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 13.