
На улицата во должина од 1.100 метри ќе биде извршена целосна реконструкција, а ќе бидат обновени и оштетените делови од тротоарите и рабниците. Според планираното за околу два месеци улицата ќе биде обновена и граѓаните ќе можат безбедно да возат и да се движат по истата. За овие големи зафати, Градот Скопје одвои околу 15 милиони денари со вклучен ДДВ.