ДЕМОНСТРАНТИ УПАДНАА ВО ЗГРАДАТА НА СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПО НАЈАВАТА НА ВУЧИЌ ДЕКА ЌЕ ВРАТИ ПОЛИЦИСКИ ЧАС

0
84

Граѓаните почнаа да се собираат пред парламентот набргу по прес-конференцијата на Вучиќ (Фото: РАС Србија)

Група демонстранти упадна вечерва во зградата на српскиот парламент по најавата на претседателот Александар Вучиќ дека ќе го врати полицискиот час по последното ширење на коронавирусот во земјата.

Граѓаните почнаа да се собираат пред парламентот набргу по прес-конференцијата што Вучиќ ја одржа попладнево и на која најави воведување и на други рестриктивни мерки, како забрана за јавни собири.

Српските медиуми објавија дека демонстрантите го пробија полицискиот кордон и влегоа во холот на парламентот, при што наводно биле фрлени и неколку факели. Граѓаните фрлаа шишиња и повикуваа да се уапси Вучиќ, а по 15-ина минути беа истуркани назад.