Monday, February 10, 2025
2.8 C
Skopje

ДЕМОКРАТСКОТО ДВИЖЕЊЕ ГО ОСНОВА ОГРАНОКОТ ВО ДОЛНЕНИ

Џемалудин Џафероски е избран за Претседател на огранокот на Демократското движење во Општина Долнени.

Во ентузијастички и демократски состанок, членовите на Демократското движење од општина Долнени го избра Џемалудин Џафероски за прв претседател на огранокот во оваа општина. Овој момент е важен чекор кон зајакнување на локалните структури и унапредување на политиките на партијата во оваа општина.

Поздравувајќи ги учесниците, Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, го оцени посветувањето на жителите на Долнени, потсетувајќи дека тие беа првите кои се приклучија во повикот за промени. „Долнени беа првите кои се приклучија како движење во нашето барањето за промени, така што, и ние започневме од Долнени за да продолжиме со промени во локално ниво“, истакна Меџити.

Меџити пред присутните кажа дека партијата ќе биде целосно посветена во поддршка на огранокот и новиот претседател на огранокот за секаква иницијатива и потреба: “Почнувајќи од мене, како и секој функционер од Демократското движење, давам збор дека ќе бидеме сервис на огранокот и новиот претседател за било какво барање или потреба од овој регион“, рече Меџити. Демократското движење продолжува со ангажирањето за да донесе позитивни промени и да ја зајакни врската со секој граѓанин, градејќи подобра иднина за сите граѓани.

Честитки и успеси за Џемалудин Џафероски во новото раководење!

ОВАА НЕДЕЛА

ПРОДАЖБАТА НА ДРЖАВНИ СТАНОВИ ЗА 1.000 ЕВРА ПО м2 ЗАПОЧНУВА УТРЕ ВО БИТОЛА

Од утре, понеделник, започнува продажбата на државни комерцијални станови...

ЧИСТЕЊЕ СНЕГ НИЗ УЛИЦИТЕ НА МОНТРЕАЛ

Отстранувањето на снегот на тротоарите и улиците низ Монтреал,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ