ДЕМИРОВ : ДАЛИ Е ТОЧНО ДЕКА СОВЕТНИКОТ ОД СДС КОРЛЕВСКИ БОРЧЕ СИ ЈА ВРАБОТИ СОПРУГАТА ВО ЦСР БИТОЛА НА МЕСТО НАМЕНЕТО ЗА НАШ СОГРАЃАНИН ОД РОМСКА НАЦИОНАЛНОСТ

0
244

Пресконференција на Цане Демиров.

Дали е точно дека советникот од СДС Корлевски Борче си ја вработи сопругата во ЦСР Битола на место наменето за наш сограѓанин од РОМСКА националност на огласот со број 516/2023?
Доколку ова е точно очекуваме веднаш советникот Борче Корлевски да си поднесе неотповиклива оставка заради злоупотреба на јавен оглас наменет за наш сограѓанин од РОМСКА националност на кој му е земено работното место што му следува по закон.
И второ бараме од трудовата инспекција целосно да го испита овој јавен оглас со цел да не се прави злоупотреба со националноста на штета на нашите Роми, на кои им следува тоа работно место.
Срамота е да ни ги земаат нашите места, местата определени Роми, според балансерот?
Ние нема да застанеме, докрај ќе ја бараме правдата, ако треба и со протести! Вакви понижувања на Ромите не се човечки! И ние сме луѓе и граѓани на оваа држава и овој град!