На ден 21.07.2016 год. на интернет порталот ,,ИНФОМАКС-Центар за истражување и анализа” a на ден 22.07.2016 год. и интернет порталот “МАРКУКУЛЕ-Здружение за промовирање на културните вредности во Пелагонија”, објавија груба невистина и навреда за порталот НАРОДЕН ГЛАС и сопственикот Рубин Иваноски, преку објава на наводна комуникација на членови на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку која што како што тврдат овие два портали дека членови на огранокот на СДСМ го нападнале, фрлиле во шахта и му ја затвориле, уредникот на соросоидниот портал како тие го нарекуваат Рубинчо „Народен глас„.
Маркукуле :
Инфомакс :
Уредникот на порталот НАРОДЕН ГЛАС, најостро ги осудува вака изнесените навреди, клевети и невистини изнесени преку објави на порталите ,,ИНФОМАКС-Центар за истражување и анализа” и интернет порталот ,,МАРКУКУЛЕ-Здружение за промовирање на културните вредности во Пелагонија”, и најавува поведување на постапка за утврдување на граѓанска одговорност за изречените навреди и клевети од страна на одговорните лица на овие два портали кои ги промовираат заложбите на здруженијата кои ги претставуваат.
Рубин Иваноски, главен и одговорен уредник на порталот ,,Народен Глас”.