ДЕМАНТ НА ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ПРИЛЕП ,,БОРКА ТАЛЕСКИ” ПО НЕМИЛИОТ НАСТАН СО ЛИЦЕТО СО АМПУТИРАНА НАДКОЛЕНИЦА КОЕ ПОЧИНА НА КЛУПА ПРЕД БОЛНИЦАТА, ПЕРСОНАЛОТ ОД БОЛНИЦАТА СО НЕГО И НЕГОВИОТ БРАТ ПРЕД И ПО НЕМИЛИОТ НАСТАН ПОМИНА НИЗ ТЕШКА ГОЛГОТА

0
1831
Почитувани,
Пациентот Димески Горан роден 1971 година е пратен во ЈЗУ Општа Болница – Прилеп со проширена дејност од тараковаскуларна хирургија со препорака за продолжување на антибиотска терапија по ампутацијата на надколеницата во Скопје, поради Тромбофлебит.
Пациентот е примен во одделение за ортопедија и траума на датум 01.08.2022 и во текот на 43 дена колку што е останат се превземени сите мерки за лекување на пациентот од наша страна како јавна здравствена институција.
Направени се секојдневни стерилни преврски на неговата рана и воедно давање интервентни инфузии со антибиотици, по потреба и аналгетици.
Додека лицето беше во престој и згрижено од страна на јавната здравствена установа за неговото недолично однесување беше алармирано од одделението за ортопедија каде што истото лице во собата примало и сомнителни лица, внесување на недозволени средства, како и многу други непристојни работи кои ние не би сакале да ги именуваме.
Неговото недолично однесување го издржаа практично сите во целиот оддел на ортопедија кое е поим за внесување на нови методи во работењето и успешни операции. Се во интерес на пациентот
Но кога неговата рана веќе беше затворена и неговата општа и локална состојба подобрена, паиентот е испишан на датум 14.08.2022 за кое постои и материјален доказ, отпусна листа за болничкото лекување на пациентот.
По неговото отпуштање од болничко лекување во ЈЗУ Општа Болница – Прилеп ,,Борка Талески” од страна на службите во болницата е контактирано неготово семејство кое не сакаше да го прими пациентот.
Подоцна се појави неговиот брат кој исто така не сакаше да го прими пациентот со ампутирана надколеница, кој за волја на вистината ја злоупотреби целата ситуација со цел да предизвика проблеми и да прави невиден терор во кругот на болницата каде имаше се, само не за жал и солзи за братот кој му донел само ќебе и наод од обдукција која вчера траеше до 16.30 часот каде што обдукцијата ќе покаже дека неговиот брат го оставил скоро два дена во дворот на клупата пред општата болница!
Од страна на социјалниот работник од нашата здравствена установа е известен центарот за социјална работа, по наша пријава интервенираше и МВР како и од страна на центарот за социјални работи беше побарано привремено сместување.
Од страна на старскиот дом добивме одговор дека креветите таму се веќе пополнети и исто дека немаат ни слободни соби. Вистината во овој случај е што неговото семејство веќе се откажало поради негово деструктивно однесување кон себеси и околината, но ние како јавна здравствена установа направивме повеќе отколку што е потребно затоа што болниците задржуваат, згрижуваат и лекуваат пациенти до одреден период до нивно лекување или добивање на отпусна листа во рок од 7 до 14 дена бидејќи тоа не се центри за згрижување на напуштени и бездомни лица туку јавни здравствени установи со ограничен престој на болни лица.
Кога ние како јавна здравствена установа би ги згрижувале таквите лица што би правеле со оперираните пациенти, децата, новороденчињата во болницата на кои им е потребна микробиолошка и чиста сердина за нивно целосно закрепнување со што нашата установа може да се пофали, за што постои и документација од страна на државната санитарна и здравствена инспекција како и од сите останати државни органи под кои ние како јавна здравствена институција сме подложни на инспекции и контроли.
 Ние како здравствена установа се трудиме со наѓето работење да остваруваме резултати за што зборуваат и реализацијата на проектите во набавката на нова и современа апаратура како што е апаратот на магнетната ресонанца.
ЈЗУ Борка Талески  апелира јавно до медиумите да не пласираат во јавноста непроверени податоци, ние како институција сме отворени за јавноста и медиумите транспарентни како и секогашкога се побарани од наша страна одговори и истите добиени од наша страна.
Со почит,