Демант на Гиевски

0
648

По повод пренесениот текст од порталот ,,ЦентарЊуз” редакцијата на ,,Народен Глас” доби барање за демант кое во целост ќе го објави без никаква интервенција :

На текст објавен на вашиот портал на 15 ноември 2016

Категорично ги деманитирам како целосно невистинити и измислени наводите во текстот објавен на вашиот портал на ден 15 Ноември 2016 . Ниту јас, ниту било кој од мојата блиска фамилија поседуваме возило какво што вие посочувате во вашиот текст. Информацијата која не е проверена и за која немате побарано став од мене, а ја пласирате како ваша вистина, без притоа да ја поткрепите со докази, е само една голема лага и голема измислица, која не му доликува никому, па и на вашиот медиум. Пласирањето лаги и невистини со цел да му се наштети на угледот на една личност, не само што не е етички, туку е и дело казниво со закон.

Незнам од каде и зошто се потребни вакви измислени информации и зошто баш вашиот медиум ги пласира? Која е целта знаете само вие. Но, ако се држите до достоинството на професијата која ја работите најмалку што може да направите е да се извините! Барам од вас да го објавите овој демант во целост на истото место каде што беа пласирани лагите за купување на луксузно возило. Сакам и да ви укажам дека ќе бидат превземени сите мерки дозволени со закон, за заштита на мојот углед и угледот на моето семејство.
Скопје, 15 ноември 2016 Игор Гиевски