ДЕМАНТ : Во текстот под наслов ЧЛЕНОВИ НА ДИК НАПАДНАТИ ВО РЕСЕН: Претседателот на ОО СДСМ од Ресен ги нападнал членовите на ДИК!

0
1026

Објавен на 30 Март 2016 год. На порталот Инфомакс изнесени се груби лаги и невистини.Имено воопшто не е точно дека јас Претседателот на  оо сдсм Ресен сум упаднал во просториите на ДИК во Ресен и им се заканувал на членовите на комисијата дека ќе ги „убиел“ бидејќи го прочистувале списокот . Имено јас Станковски Никола во својство на советник во советот на Општина Ресен со намера да се информирам за текот на теренската проверка на избирачкиот список ја посети ПК на ДИК во Ресен .

После нормална комуникација со Контролорот во ДИК ја напуштив канцеларијата . Посетата воопшто не беше ,,УПАД,, а уште помалку некакви си закани или спречување на процесот бидејќи во просторијата имаше други лица кои можат да го потврдат тоа.Тамошното присуство на други неовластени лица намерно и тендециозно е припишано на мене.

А што се однесува за не вистините изнесени од страна на Инфомакс ,, Рекетар,, , ,,Познат криминалец,, , ,, Насилник,, и др. упатени и изнесени од ваша страна како редакција на порталот на мое лично име, се навреда на мојата чест и углед.Заради истите барам од ваша страна јавно извинување.Во спротивно ќе бидам приморан истото да го барам по судски пат.

Подносител : Никола Станковски