ДЕЛ ОД ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ОБВИНУВААТ ЗА СЕКСИСТИЧКИ НАПАДИ КОН СИЛЈАНОВСКА ОД СТРАНА НА ПОДДРЖУВАЧ НА ПЕНДАРОВСКИ

0
156

  • Ковачки: Ах бре Стево, од бесрамник како тебе, државник не бидува, ова недолично однесување е резултат на немање култура и нервоза од поразот
     
    Згрозен сум од однесувањето на Пендаровски Стево кој не пропушта можност да ја навреди неговата противкандидатката професорката Гордана Силјановска Давкова.

    Кај тој, па сега почнаа да ги охрабрува и нивните партиски послушници од СДС на митинзите.

    Пендаровски абе до пред малку се претставуваше како државник, и сега пак се демантираш самиот себе. Ах бре Стево, од бесрамник како тебе, државник не бидува.

    Уште по згрозен сум што портпаролката на СДС Богданка Кузеска стои и се потсмева.

    Овој примитивизам, ова недолично однесување е резултат на немање култура и нервоза од поразот. Овие од СДС тотално забегале.

    Во СДС се натпреваруваат кој по голема навреда ќе каже. Но, ние од ВМРО-ДПМНЕ се натпреваруваме кој подобар проект ќе предложи и реализира за доброто на граѓаните, и затоа ќе ве поразиме.

    Вие навредувајте колку сакате, ние заедно со народот на 24 април и 8 мај ќе ве победиме!

  • Ласовска:Ги повикувам сите невладини организации, кои се борат за местото на жените во политиката, гласно и недвосмислено да го осудат говорот на омраза кон Силјановска Давкова
     

    СКАНДАЛОЗНО !!!!

    За оваа навреда, очекувам уште вечерва, да се извинат Stevo Pendarovski, Bogdanka Kuzevska, Jovana Trencevska, како претседателка на жените на СДСМ.

    Ги повикувам сите невладини организации, кои се борат за местото на жените во политиката, гласно и недвосмислено да го осудат.

    – говорот на омраза

    – ејџизмот

    NDI, Сојуз на жени, сите форуми на жени, Македонско Женско Лоби, ова е типичен пример за тоа, како НЕ ТРЕБА!

    Така барем пишавме во законите и ги учиме жените на обуките.

    Сите вие, кои аплаудирате на мизеријава која ја искажа дотичниот, а Стево и Богданка не се оградија, во истиот момент треба да ви е јасно дека, ИЗБИРАМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКА, а “невеста”, сами си бирате. Бедноо, многу бедноо.

    И за крај, со глупостиве така не мотивирате, што победата толку ќе биде голема и силна, што ќе ве здоболи, па дури и “невестите” дома нема да ве препознаат, од изразите на вашите лица.

    Бидете така. Иде надојден Вардар!!
    Стево, ова ли е Европски????
  • Милошоски: Многу ниско од Пендаровски што нарачува ваков говор на омраза кон Проф. Силјаноска Давкова
     
    Многу ниско од Пендаровски што нарачува ваков говор на омраза кон Проф. Силјаноска , со омаловажување на жената преку возраста.

    Дури и кога очекуваш изборен пораз, треба да бидеш достоинствен и човечно да се однесуваш кон конкуренцијата, со должна почит кон сите кандидати, особено кон дамите.

    Борбата за рамноправност меѓу жените и мажите не е само парола, туку и личен пример кој треба да го покажат на дело сите јавни личности и функционери. А ова што вечерва го одобри и премолчи Пендаровски е пример како не треба да постапи никој друг политичар, воспитан маж и џентлмен.

  • Мицевски: Нивните приватни журки наречени ,,митинзи” веќе почнаа да наликуваат на неуспешни стенд-ап престави со досадни комедијанти
     

    Нема ден, а да не се појави некоја нова глупост на СДС и Пендаровски. Нивните слабопосетени приватни журки наречени ,,митинзи” веќе почнаа да наликуваат на неуспешни стенд-ап престави со досадни комедијанти.

    Еден ден Пендаровски ќе навреди, друг ден некој локален циркузант ќе продолжи.

    Но тоа е СДС. Така почнаа, така и ќе завршат. Да ги оставиме сами да се удават во сопствената кал и ароганција.

    П.С. Само да ги потсетам на онаа старата, народната, ,,Кој последен се смее, најслатко се смее”.
  • Пешевска: Да се смеете и аплаудирате на говор на омраза кон жена, покажува колку сте уплашени
     

    Подолу не можете да отидете!

    Го пробивте дното!

    Да се смеете и аплаудирате на говор на омраза кон жена, покажува колку сте уплашени!

    Баш таа жена, Гордана Силјановска Давкова ќе ве победи!

    А вие ќе останете на ѕидот на срамот!

  • Мизрахи: Пендаровски од ден на ден се по длабоко се нурнува во длабочините на бездната наречена очај, ментална беда и некултура
     

    Има една народна која вели … угоре високо, удолу длабоко!

    За жал Пендаровски не само што не успеа да се издигне над непостоечкиот рејтинг како политичар, тој со учество на вакви настани очигледно не успева ни да се издигне како човек. Жалам што еден професор, доктор на науки и каков и да е “претседател на татковината” минативе години, во борбата да не се отсели од Македонија, зошто како и самиот што вели “да не бев претседател и јас ќе заминев”, ниту бира начин, ниту средства, ниту пријатели!

    Настапот на овој “човек” помина без осуда, ниту прекор од насмеаниот ни наскоро поранешен Претседател!

    Пендаровски од ден на ден се по длабоко се нурнува во длабочините на бездната наречена очај, ментална беда и некултура. “Таткото на нацијата” за глас повеќе стигна до дереџе да другарува со срамот, нискоста, дрскоста и женомрзците!
    Алал нека е пензијата поранешен претседателе, ова е далеку од државничко однесување, нека ви служи на чест. Постигнавте ново ДНО !!!