(ДЕЛ ВТОРИ) ПОДЕМОТ И ПАЃАЊЕТО НА ВИЛМА РУСКОВСКА

0
617

☢🚩ПОДЕМОТ И ПАЃАЊЕТО НА ВИЛМА РУСКОВСКА (дел втори)❗

Инсталација на „лиценциран софтвер за борба против организиран криминал“ не е едноставна и краткотрајна работа. Затоа пак, секоја инсталација на „пиратски софтвер“ е пожелен за оние кои сакаат да прават привид на легалност.
Оваа метафора не е случајна. Предикциската (предвидувачката) социологија се занимава со студирање на лица, настани, процеси, ефекти и политики кои се провлекуваат низ време означено како „критично“ за едно општество коe треба да транзитира од „пиратерија“ кон „оригинални софтвери“.
Добрите социолошки анализи според овој теориски правец даваат минимален процент на грешка во општествените предвидувања. Спојот на овие анализи со прашања од сферата на безбедноста претставуваат најдобра алатка за разобличување на „специјалните операции на организирани криминални структури кои работат надвор од системот на правила и норми“. Затоа, овие предвидувања некој ги смета за „луди шпекулации“, но на крајот по правило излегуваат точни❗

ℹ Не сум правник како што кажа во едно интервју Вилма Русковска.
🔝Предикциски социолог сум (ЈБГ) со добра методологија за истражување на „нелиценцирани софтвери за организиран криминал“ во ликови, дела и процеси❗

Најавата од вчера, и аналогијата на метафората погоре, упатува на откривање на технологијата 👉„по законот на Мијалков“👈 за инсталирање на Вилма Русковска за шеф на организиран криминал. Таа требало да наликува на „оригинален софтвер за борба против организиран криминал“.
Оваа секвенца – „борба против …“ не е содржана во инсталираниот пиратскиот софтвер.

ℹ🚩Секој „институционализиран организиран криминал“ како највисок облик на организиран криминал за главни заштитници по правило ги има највисоките позиции од правосудните органи. Затоа и го носи називот „институционализиран организиран криминал“ зошто тој се случува внатре, како гушење на правилата и нормите. Оваа дефиниција е непозната за Вилма❗
ℹ Според предикциската социологија (која во една книга ја цитира и Камбовски) тоа е организиран криминал „под заштита на законот и институциите“❗
Овој „заштитен криминал“ ги опфаќа најсофистицираните форми на организиран криминал која креирал „однапред создаден систем на заштита од кривично гонење“.
За да можа да функционира овој вид на криминал како антипод на системот за борба против организираниот криминал, криминални структури преку корупција, притисок, сила и принуда создаваат „систем за заштита од (идни) кривични гонења“❗ Овој криминал инволвира легални општествени активности, употребува притисок и влијание врз политиката, бизнисот, медиумите, судството и сл., заради полесно остварување на моќ и заштита од кривично гонење.
За овој систем најпожелни се подобни поединци во обвинителската и судската фела.
Ако на ова „инсталирање на пиратскиот софтвер за организиран криминал“ се додаде тактиката на специјална војна и влијанието на безбедносните служби врз општествените процеси, тогаш неминовно доаѓаме до „удбашките кујни за инсталации- деинсталации, минирања-деминирања, информирања- дезинформирања, пропаганда-контрапропаганда, врбувања“ како пиратеријата❗

ℹ🚩Сашо Мијалков својата заштита од кривично гонење (која навидум изгледа нереална), ја трасираше и инсталираше години наназад. Позицијата која ја имаше и слушнавме како била употребена и злоупотребена за моќ и создавање на капитал, бизниси и антисистем си го дава резултатот денес. Потврда за тоа е дека, додека го пишувам овој текст течеше „латентното“ лицитирање за негово ослободување од притвор што не се случи. Се одеше и чекор подалеку. Се лицитираше и со излегувањето од притвор и на сообвинетиот Орце Камчев. Се шпекулира за пристисоци до судот за донесување на таква одлука. Не ме чуди ништо. Вака поставениот антисистем не може да носи поинаквов резон и одлуки базирани на интегритет и закон. Ако беше поинаку тогаш немаше да постои логиката на „тефтерчињата“, проверката на подобноста на судиите преку влегување на интервју од една врата и излегување од друга врата кај Мијалков, инсталацијата на подобните судии за определување на притвори, подобни обвинители за позитивни мислења за притвори и бранења од слобода и прифаќања на гаранции на „граѓанска сметка“, подобните судии за „пу-пу неважи одлуки“ итн. Години е вложувано во тој „систем на заштита“, за да бараме интегритет денес❗

🚩Вилма Русковска е дел од овој систем. „По законот на Мијалков“ или „по законот на Камчев“ нема разлика, но не сакам предвреме да навлезам во тој дел од продолжението за обвинителскиот подем и паѓање на Вилма Русковска❗

ℹ🚩Русковска во интервју вели дека, „кога слушнала за одлуките на Иванов за амнестија по предмети од СЈО во неговите одлуки“ , сфатила дека, треба да ги поддржи нејзините колеги од СЈО (?!). СЈО беше институција која беше формирана и создадена да се бори против постоечката „пиратерија“. Требаше да се стави крај на глумењето обвинителство, работа на дугме и по црвен телефон, незамисливоста да се отвори истрага по добрен глас, а камоли да се работи по сопствено убедување и интегритет.
⭕ Замислете, Вилма Русковска се крена на протест, како резултат на сопственото (не)работење❗

❓Да ја прашате што било пречка како јавен обвинител да не отвори истрага по допрен глас за криминалот за кои се изнаслушавме пред Шарената револуција, нема да знае да одговори 🙊

Но, не се чудете.

ℹ🚩Така „удбашко-полициски подобна“ таа беше избрана да глуми пркос и интегритет пред Марко Зврлевски во тоа време. Пркос кон Зврлевски и кон баџанакот на Мијалков (Јован Илиевски) кој ја инсталира во „фокус“ на идниот политички естаблишмент.
Русковска, така „освестена и просветлена за потребата од правда и права држава“ во тоа време беше (можеби) единствениот обвинител кој сакаше да биде видена на тие протести на Шарената револуција❗

🚩Тоа е „удбашката јадица“ на која како по правило се фати безбедносно неедуцираната и наивна политика и јавност која полека, но сигурно беше подготвена да не се изненади на инсталирањето на Вилма Русковска во високите ешалони на обвинителската власт❗
Таа всушност стана „брана и бастиона на системот за заштита од кривично гонење“, кое таа не го брои во нејзината дефиниција за организиран криминал.

👉Ова воопшто не е наивно❗

🚩Русковска работеше на креирање и застапување на обвиненија за неколку процеси во кои клучна и сеуште нерасчистена улога ја имаше Сашо Мијалков, дел и Љупчо Тодоровски Радникот – директори на УБК, БЈБ и други❗
Тоа беше во фазата кога беше позната реченицата од бомбите на Гордана Јанкуловска – „Па ние не мора се да му дадеме се на обвинителот”.
ℹ Ова во полициски превод значело и значи дека, „примарната селекција за кривично (не)гонење започнува во инсталираниот антисистем во МВР и продолжува во антисистемот во јавното обвинителство“❗
👉 Некои имиња на припадници на МВР – Лазе Вековски, Дејан Андонов, Катерина Јовновска, Марјан Стоилковски, Зоран Глигоров, Белкија Решити, Горан Николовски Џони, Сиљан Аврамовски и други припадници на УБК – се само дел од „инсталацијата и доктрината – ние не мора се да му дадеме на обвинителот – сите како дел од системот на кој припаѓаат заедно“👈

ℹ🚩Билетот за „инсталација“ од овие два лика (Мијалков и Радникот), Вилма Русковска го купи со свесното занемарување на неколку клучни ликови во аферата „Детонатор“ и коцкарскиот бизнис кој цветаше (можеби уште цвета?!) од Крива Палака до Струга и попреку. Тој бизнис асоцира на онаа реченица која Јанкуловска му ја упатена на Митко Чавков кога ги гледа полните камиони со запленети покер-апарати – „Па како ова влегло тука бе Мите❓“.
🚩Можеби Вилма добила одговор на ова прашање, но само ден потоа се случи петократното убиство кај Смиљковско езеро кое ја оконча истрагата за „Детонатор“ и спаси нечии „бизниси“. Класичен безбедносен и пара-полициски дефокус за сметка на „бизнисот“, а на штета на меѓуетничкиот мир❗

ℹ🚩Случајот „Франгфурд мафија“ кој продолжи преку одредени ликови да се препознава во „патриотскиот подем“ и во настаните од 27 Април е тема плус за „оперативното делување“ (како што сака за себе да каже) на Русковска во спрега со антисистемските елементи како заштита од кривично гонење❗

ℹ🚩Во случајот „Ликвидација“ тој безбедносен антисистем „по законот на Мијалков“ лажираше заштитени сведоци за да прикрие инспекторска злоупотреба од УБК која однесе во повеќемесечен притвор истражен судија (Зафиров) и новинар (Кежаровски) кој пак неуморно трагаше по вистината за несреќата на Никола Младенов. Антистемот ја голтна вистината❗

ℹ🚩Диво Насеље (09.05.2015) – Директор на УБК Сашо Мијалков – златна команда Мите Чавков – обвинители Вилма Русковска и Наум Пановски. До денес, никој, ама баш никој не го реотвара прашањето за одговорноста на овие два лика (+ 5 други) во кумановските настани во кои загинаа 8 врвни припадници на МВР❗
Таа технологија за поттикнување и предизвикување меѓуетнички и меѓуверски конфликт не престана до денес. Незаменливите Јанкуловска и Мијалков неколку дена по настаните поднесоа оставки на функциите.
Од морални причини❓
Малкумина знаеме дека не се морални причини во прашање.
Ниту еден од нив (со се Мите) не беа опфатени со обвинението од Вилма Русковска за одговорноста и пропустите во МВР❗
👉Кога ќе ги преслушам моите политички говоранции во кои ветувавме меѓународна истрага за „Диво Насеље“ и преиспитување на постапувањето на МВР/УБК преку внатрешните механизми на проверка, сфаќам дека „анти-ракетниот систем за заштита од кривично гонење веќе бил поставен“👈
Сето ова се случуваше пред Пржино преговорите и техничката Влада во кои Мијалков е „преговарачна позиција на Никола Груевски“❗

ℹ Замолите ја денес Вилма Русковска да одговори на едно логичко прашање. Верувам дека нема да добието одговор. Прашањето е:
👉Како е можно за организација на настаните од 27 Април, како службено лице за постапување и непостапување да биде кривично гонет тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски и други, а директорот на УБК Сашо Мијалков и други да не бидат гонети за Диво Насеље и жртвите од МВР⁉️
Логика – нема.
Но, логика има во „инсталацијата на системот за заштита од кривично гонење“ по тие настани и по предметите кои СЈО ги отвори за Сашо Мијалков❗

🚩Некој ќе рече: „ Што зборуваш, Вилма го обвини Чавков за настаните од 27 Април, Гордана е во затвор, Сашо Мијалков е притвор“. Да, така е. Но, исто така, факт е дека кога Мијалков го инсталира системот за заштита од криминално гонење, тој не водел сметка за другите. Тој мислеше и мисли само на себе и на оние „ситни услужни пипци“ кои не можат сериозно да го загрозат.Тој искористи и фрли еден ешалон од системот што му служеше за заштита не само во случајот од 27 Април и неговата организација, туку и во други случаи во кои тој се прикажуваше како „спасител на гонетите“.
👉Полека но сигурно ќе сака да се ослободува и од ешалонот кој ѝ асистираше на Вилма да прибегне кон свесно игнорирање на фактите за организирано рушење на СЈО што за Мијалков и останатите би значело некаква „слобода“👈

👉Како доаѓа времето „тие што ѝ веруваа најмногу“ ќе почнат да се ослободуваат од „таа верба, нешто слично со „отарасувањето на инсталациите на Камчев кои му ветуваа спасение“, сосе Вилма❗

ℹ Кога Вилма Русковска во последното викенд-интервју се пофали дека, „ѝ тргнала борбата против организираниот криминал со тоа што подигнала обвинение против потпретседател на Собрание“, а воопшто не ги спомна притворите и нејзината „услужна дејност кон Мијалков и Камчев“, сфатив дека, „инсталатерите“ не смее да ги спомене, бидејќи „дискот за нејзина деинсталација“ не е веќе кај нив❗
Каде е❓ Ќе ви кажам.

ℹ🚩Последниот обид за тест на системот што го направи Вилма во случајот со Сашо Мијалков беше неговото бегство. За таа диверзија Русковска „предизвика полициска интервенција“ со потерници за што кривично се одговара во нормални земји❗
👉За изворот и “оперативата” на Вилма Русковска кој дојавил за бегството на Мијалков …, ќе напишам пред темите подолу
👇👇👇

ℹ🚩Улогата на Вилма во постапката за настаните од 27 Април, а пред тоа за бегството на Никола Груевски. Боркица …(⁉️)

ℹ🚩Ќе дојдеме и до Рекет и Џони и Боки …❗

ℹ🚩И до „оргиналниот софтвер“ кој не успеа да го „форматира“ за нејзина несреќа.

Продолжува …. четврток во 20.00 часот.

🙊🙉🙈

Фејсбук статус на професорка, Фросина Ременски.