ДЕЛЕГАЦИЈА НА СДСМ МУ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ГЛИГОРОВ

0
332

На дванаесетгодишнината од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски, потпретседателот Стефан Богоев и Евгенија Јанакиеска од СДММ, оддаде почит и положи цвеќе на неговото вечното почивалиште.

„Претседателот Глигоров беше политичарот кој со својата мудрост и искуство ја обезбеди независноста на државата, успеа да ја зачува безбедноста и мирот во период кога регионот беше зафатен од виорот на војната. Македонските граѓани и членовите на СДСМ со особена почит се сеќаваат и ги вреднуваат државните достигнувања на претседателот Глигоров.

Со членка книшка 001 на СДСМ, Глигоров со својата мудрост, храброст и визионерство, ги постави темелите на независна, демократска суверена држава признаена од целиот свет, која денес е дел од НАТО а наскоро и полноправна членка на ЕУ“, соопштија од СДСМ.