Делегација на СДСМ го одбележа 8 септември – Денот на независноста

0
311

Делегација на СДСМ во состав Коста Петров, потпретседател на СДСМ, Сања Лукаревска, членка на ЦО на СДСМ и Марија Георгиевска, претседателка на ОО СДСМ Карпош, денеска, по повод 8 септември – Денот на независноста, положија свежо цвеќе и оддадоа почит на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски.