Утрово, делегација на Достоинство, предводена од Стојанче Ангелов, на местото на кое на денешен ден во 2001 година беа убиени и масакрирани осуммина македонски бранители, положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на загинатите браќа по оружје.
„Во текот на денешниот ден, членови на семејствата на загинатите бранители од заседата кај Вејце, како и државни, полициски, армиски и други делегации, ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во заседата кај Вејце, „Ангел”, кој се наоѓа до градскиот часовник во центарот на Битола, како и пред споменикот на загинатите бранители во заседата кај Вејце во кругот на СВР Битола. Воедно почит ќе биде оддадена и пред споменикот на загинатите бранители во заседата кај Вејце во касарната Илинден во Скопје и пред неколку други индивидуални споменици на загинатите бранители од заседата кај Вејце“, напиша Ангелов на Фејсбук и додава:
„Да не се повтори, да не се заборават!
Игор Костески (26) од Скопје,
Роберт Петковски (27) од Скопје,
Бобан Трајковски (28) од Куманово,
Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица,
Илче Стојановски (24),
Кире Костадиновски (24),
Бошко Најдовски (24) и
Марјан Божиновски (27),
сите од Битола.
Вечна ви слава, херои македонски“!