ДЕЗЕРТЕРОТ КОВАЧКИ И ВМРО-ДПМНЕ ПОВТОРНО И СВРТЕА ГРБ НА АРМИЈАТА

0
844

Политичкиот дезертер од АРМ Драган Ковачки и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно и свртеа грб на Армијата.

Денеска, ниту Ковачки ниту пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност не присуствуваа на воената вежба на Армијата со новото македонско оружје.

Иако беа поканети, им сврета грб на македонските војници.

Можеа Ковачки и пратениците да дојдат барем да им честитаат на припадниците на вториот баталјон од Првата пешадиска бригада на Армијата за успешно изведената вежба.

Но, тие го избраа Мицкоски наместо војниците како и многу пати досега.

Лицемерието на Ковачки го видовме денеска на дело. Впрочем не му е ниту прв пат, то јавноста многу добро го знае.

Ковачки дезертираше од Армијата за да му служи на Мицкоски, го замени армискиот чин со партискиот во Белата палата.

И не само што е дезертер и лажен генерал, Ковачки бил сакциониран за навреди и закани.

Тоа е лицето на двоецот Мицкоски-Ковачки, закани, шпионирање, клеветење и дезертерство?