ДЕДО НАПАДНАЛ ВРАБОТЕНА И ПОЛИЦАЕЦ ВО ТЕТОВСКОТ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР

0
85

Осумдесет и петгодишен тетовец е приведен откако нападнал полицаец и вработена во ургентниот центар во Тетово.

„Вчера во 08.55 часот лицето Н.В (85) од Тетово било приведено од страна на полициски службеници од СВР Тетово, кои постапиле по претходна пријава од П.Е. од Тетово, вработена во Ургентен центар Тетово. Во пријавата таа навела дека во 08.30 часот физички ја нападнал на работното место, а подоцна физички нападнал и полициски службеник кој преземал службени дејствија“, информираат од СВР Тетово.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.