Девојка се самозапали во Градскиот парк во Скопје денеска во 13 часот. Според досегашните информации девојката била на возраст меѓу 25 и 30 години.
Немилиот настан се случил во близина на ресторанот „Балканика“.
Идентитетот на девојката не е познат.
Иако за брзо време пристигнала екипа на Брза помош, лекарите не можеле да и помогнат. Лекарот од екипата констатирал дека девојката починала.
Извор : А1он