22-годишна девојка од Штип кривично ќе одговара откако нападнала полицаец на должност, соопшти МВР.
-СВР Штип поднесе кривична пријава против М.И.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“. На 26.01.2025 во Штип, пријавената физички нападнала полициски службеник додека извршувал службени дејствија, пишува во полицискиот билтен.