ДЕВОЈКАТА КОЈА Е ЖРТВА НА СТРУЕН УДАР ДОДЕКА СЕ СНИМАЛА ЗА ТИК-ТОК Е СМЕСТЕНА НА КАРИЛ

0
1619

Девојката на возраст од 17 години, која доби струен удар прекачувајќи се на електрифириран вагон на железничката станица во Маџари, е во свесна состојба и надвор од животна опасност и во моментов се наоѓа на одделението КАРИЛ, објави Канал 5.

Според сознанија на телевизијата од неофицијални извори, до несреќата дошло откако девојката се качила на вагонот во обид да сними видео за социјалната мрежа Тик-ток. Истрагата за несеќата сè уште е во тек.