Девојката која го уби полубратот на Ким Јонг ун добила 90 долари за неговото убиство, пишува Business Insider. Таа верувала дека станува збор за пренк, наведуваат властите во Индонезија.
25-годишната Сити Аисјах од Индонезија вели дека добила 90 долари за да учествува во реално шоу.
„Таа само општо кажа дека се сретнала со луѓе кои изгледале како Јапонци или Корејци. Според неа, едниот човек и дал 90 долари за оваа активност, да ја испрска жртвата со бебешко масло“, соопшти Андреано Ервин, индонезискиот заменик амбасадор за BBC.
За убиството на Ким Јонг нам се уапсени две жени, а според извештаите убиен е со нервен гас.